Connect with us

Ракомет

Дрес од Вардар нема ниту за лек – титулата си го направи своето

Еуфоријата која се создаде со освојувањето на Лигата на шампионите по втор пат во клупската историја на Вардар и тоа во кризни моменти за опстанокот на клубот е огромна кај сите навивачи на „Црвено-црните“, пишува sportclub.mk

Доказ за тоа е и фактот што сите посакаа да го имаат новиот дрес со кој новиот европски првак настапи на Ф4 турнирот во Келн.

Навивачите побрзаа да се подноват со среќниот дрес, а од вардаровиот фан шоп уште вчера околу пладне објавија дека новиот дрес е распродаден и ќе треба да се чекаат новите количини, а во моментов има само од оние дресови со кои се дојде до завршницата во Келн. За шампионскиот дрес, ќе мораат да почекаат некоја нова тура.

Интересно е што Вардар новиот дрес го претстави непосредно пред патувањето на фајнал-фор турнирот кој се играше на 1. и 2. јули, а веќе два дена подоцна истиот го немаше на залиха во фан шопот на новиот европски првак, што сигурно е рекорд кога станува збор за дресови на еден македонски спортски колектив.