Фудбал
Дресот со кој Марадона ја постигна „Божјата рака“ ќе се продава за неверојатни два милиони долари
Дресот со кој настапи Диего Армандо Марадона на СП во 1986-та на кое Аргентина стана светски првак, а на кое го постигна и легендарниот гол подоцна наречен „Божја рака“, но вториот гол „Голот на векот“ против Англија во полуфиналето, ќе биде објавен на аукција. Се очекува почетната цена да биде неверојатни 2 милиони долари.
Стив Хоџ е сопственик на највредниот дрес. Хоџ настапи на тој меч и го разменил дресот со легендарниот Аргентинец.
-Само се погледнавме во тунелот на заминување по мечот и без да проговориме ги разменивме дресовите“, вели Хоџ.
Дресот, којк во моментов е изложен во националниот фудбалски музеј на Англија, ќе оди на аукција, а почетната цена ра ја откри познатиот колекционер Давид Амерман.
