Connect with us

Други спортови

Државно првенство во пливање за основци во Куманово

Над 160 ученици од 45 основни училишта од државата учествуваа на Државното првенство во пливање за основци кое се одржа на Затворениот градски базен во Куманово. Пливањето го организираше Федерацијата за училишен спорт, Агенцијата за млади и спорт, општина Куманово и клубовите од градот. Најдобрите пливачи, како што посочија од Федерацијата, покрај медали и дипломи ќе имаат можност да добијат стипендија од Агенцијата за млади и спорт и Министерството за образование и наука.

Директорот на федерацијата, Александар Туфекчиевски, посочи дека градот Куманово секогаш нуди безрезевна поддршка при организирање на повеќе државни првенства, што се должи на инфраструктурата и на волјата на локалната самоуправа.

Томислав Андевски од Агенција за млади и спорт, нагласи дека оваа година агенцијата ќе вложи средства во развој на училишниот спорт, за поголема мотивација на учениците.

Цоки Ристовски, од општина Куманово истакна дека Затворениот базен, нуди современи услови за развој на пливањето.

“Како добри домаќини, не само на нашите деца, туку на сите деца од Македонија што дојдоа им посакавме добредојде и дадовме најдобри услови за пливањето за да може оваа млада генерација да даде максимум во пливањето, се надевам дека ќе дадат добри резултати и во иднина ќе се развијат во добри пливачи”, изјави Ристовски.