Ракомет
Два гола на Манасков до нова победа на Веспрем
Во денешната рунда Веспрем немаше никакви проблеми против екипата на Егер која беше поразена со 31-16 од страна на Веспрем. Домаќините уште на почетокот во првиот дел направија голема разлика од девет голови (16-7), тоа значеше дека во вториот дел од натпреварот ќе бидат чиста рутина за четата на Врањеш.
Веспрем засега има максимални пет победи во пет натпревари и има фкупно 10 бода. На натпреварот листата на стрелци беше предводена од Словенецот Гајиќ со 7 голови, а нашиот Дејан Манасков имаше 2 погодоци.
На 10 октомври Веспрем ќе игра против Ференцаварош, но претходно ќе на 8 октомври ќе игра со Кил во рамките на 4 коло во Лигата на шампионите.