Connect with us

Фудбал

Два гола за три минути, Арсенал со реми до пласман во следната рунда

Два доцни гола во траење од три минути, дело на Александре Лаказет и Букајо Сака, му донесе на Арсенал нерешено 2:2 на гостувањето кај Стандард Лиеж на последниот натпревар во групата „Ф“ во Лигата на Европа.

Од поискусните играчи, само Давид Луис, Сократ и Александре Лаказет беа меѓу стартните 11.

 

Така, „топџиите“ завршија на првото место во пласманот со 11 поени. Ајнтрахт заврши на второто место со 9, а Стандард заврши со 8 поени и беше елиминиран.

Резултати од Лига Европа на досега завршените мечеви

Група А:

АПОЕЛ Никозија – Севиља 1:0
Карабак – Дуделанж 1:1

Група Б:

Динамо Киев – Лугано 1:1
ФК Копенхаген – Малме 0:1

Група Ц:

Базел – Трабзонспор 2:0
Хетафе – Краснодар 3:0

Група Д:

ЛАСК – Спортинг Лисабон 3:0
ПСВ Ајндховен – Розенборг 1:1

Група Е:

ЦФР Клуж – Селтик 2:0
Рен – Лацио 2:0

Група Ф:

Ајнтрахт Франкфурт – Виторија Гимараеш 2:3
Стандард Лиеж – Арсенал 2:2