Други спортови
Двајца македонски боксери на „Загреб Гранд при 2020“
Скопје, 7 октомври 2020 (МИА) – На сениорскиот турнир во Хрватска „Загреб Гранд При“ кој започнува од утре, 8 октомври и ќе трае до сабота ќе учествуваа двајца македонски боксери.
- Арсим Етеми (категорија 81 кг) и Лео Јовановски (категорија 75 кг) се претставниците на Македонија на рингот во Загреб. Во нашата делегација се уште и тренерот Димитар Ташков и АИБА судијата Петре Неделковски, соопшти Боксерската федерација на Македонија.
Организаторот на турнирот, покрај домашните и македонските боксери, очекува и натпреварувачи од Русија, Украина, Франција, Италија, Полска, Казахстан. зс/