Connect with us

Фудбал

Двајца македонски репрезентативци позитивни на Ковид 19

Македонскиот репрезентативец и член на Удинезе, Илија Несторовски е позитивен на Ковид 19. Информацијата ја потврди италијанскиот тим. Ова значи дека тој 15 ден ќе биде во изолација за да го прележи вирусот, секако со надеж дека се ќе биде во ред. Поради тоа ќе пропушти неколку наредни мечеви за Удинезе.

Позитивен е и Влатко Стојановски кој игра за Шамбли, во Франција втора лига. Тој е веќе во изолација. Информацијата исто така ја потврди францускиот тим.