Connect with us

Фудбал

Двајца македонски репрезентативци во идеалната постава во Лига на нации

Македонската фудбалска репрезентација заврши на третото место во групата во Лигата на нации по поразот од Бугарија. Сепак, двајца македонски репрезентативци се најдоа во идеалната поставаа од оваа група во која се наоѓаат лидерот Грузија, потоа Бугарија, Македонија и Гибралтар.

Специјализираниот фудбалски портал за статистика „Whoscored“, за секоја група во Лигата на нации креираше најдобар тим, а во оваа група во тимот се најдоа Енис Барди и Дарко Чурлинов. Грузија има најмногу, дури седум играчи, а Бугарија исто така два.