Connect with us

Фудбал

Двајца напаѓачи со четири куршуми во глава го убија фудбалерот Јанушев

Четириесет минутната борба на тимот лекари на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје беше неуспешна да го спаси животот на дваесет и пет годишниот фудбалер кој вечерва беше застрелан пред „Ред Кафе“ околу 18 часот.

Застреланото лице беше донесено во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“-Скопје, без знаци на живот. И покрај тоа докторите се обидуваа да го реанимираат 40 минути, по што е констатирана смрт, посочија од Клиниката.

Застреланиот бил донесен на клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ без знаци на живот, а 40-минутните обиди за реанимација завршиле без успех, по што е констатирана смрт.

Според нашите избори, Јанушев бил поранешен фудбалер, а во последниот период се занимавал со кик-бокс.

Поплднево тој беше застрелан со 4-5 куршуми во главата и вратот и без знаци на живот беше однесен во Градска болница.

Напаѓачот е во бегство. Според последните информации, после пукањето неколкумина избегале под подвозникот на железничката пруга и се упатиле кон мостот преку кој се стига на Скопски Саем.