Connect with us

Фудбал

Две недели страв и пекол зад фудбалерот на Рома: „Само што се роди, и веднаш те однесоа од мене…“

Животот понекогаш може да биде брутален, непредвидлив и суров, но на крајот со среќен крај. Ова е токму она што се случи со фудбалерот на Рома, Џанлука Манчини во изминатите недели.

Зад Манчини и неговата сопруга Елиз се две недели грижа, страв и неизвесност за нивната ќерка Женева која е родена предвреме.

Малата Женева е родена на 18 јули, но беше одделена од нејзините родители веднаш по раѓањето. Така беше до вчера кога после 14 бескрајни денови дефанзивецот чекаше да го земе своето дете во раце.

„Се роди и веднаш те однесоа веднаш од нас. По 14 дена што беа како вечност, вознемиреност и страв, илјадници патувања во болницата, надеж, болка и неодговорени прашања, пристигнавте во својот дом“, изјави сопругата на Манчини на Инстаграм.

Манчини, пак, се однесуваше како професионалец. Тој работеше напорно, тренираше и играше игри. Тој ќе играше и против Јувентус, но беше спречен со суспензија, па тоа го искористи да биде покрај сопругата и ќерката.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама