Connect with us

Фудбал

Еден Азар одбил 6 понуди летото

Белгискиот играч за врска Еден Азар одбил 6 понуди ова лето, пренесува AS.

Според извори во изданието, 32-годишниот играч добил понуди од САД, Саудиска Арабија, Англија, Шпанија, Франција, па дури и од Шкотска. Најдобрата понуда стигна од Интер Мајами, но Азар ја одби шансата да игра со Меси, Бускетс и Алба.

Според информациите, Белгиецот во моментов „нема енергија за нови предизвици“ и покрај обидите на неговите менаџери да го убедат да се врати на теренот.

Фудбалерот моментално е без тим по заминувањето од Реал Мадрид. Во 2019 година, Азар се пресели во клубот од Челзи. Реал за трансферот плати 115 милиони евра.