Connect with us

Фудбал

Еден од најголемите таленти на Реал одлучи да не игра за Шпанија

Талентираниот 18-годишен напаѓач на Реал Мадрид, Алваро Родригез одлучи да игра за сениорската репрезентација на Уругвај, изјави неговиот татко Даниел. Родригез е роден во шпанскиот град Паламос, неговата мајка е Шпанка, а татко му е Уругваец. За шпанската У-18 репрезентација забележа четири настапи, но потоа осум настапи за Уругвајската У-20 репрезентација.

„Тој ми рече: Тато, знам дека можам да играм за Шпанија, но сакам да играм за Уругвај“, рече Даниел Родригез, кој и самиот беше професионален фудбалер и играше за уругвајската репрезентација.

Алваро оваа сезона играше шест пати за Реал, четири пати во првенството и двапати во купот. Во својот трет настап, против Атлетико Мадрид во 23. коло од Ла Лига, му донесе бод на Реал со гол за 1:1 во 85. минута на асистенција на Лука Модриќ.