Connect with us

Други спортови

Едмунд: Ѓоковиќ е тениска легенда

Британскиот тенисер Кајл Едмунд изјави дека победата над најдобриот српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ му значи многу за натамошниот тек на кариерата.

Британецот на турнирот во Мадрид го совлада поранешниот најдобар тенисер во светот со 2:1 во сетови (6:3, 2:6 и 6:3)

– За мене ова е одлично нешто. Новак е тениска легенда, еден од најдобрите играчи на сите времиња. Задоволен сум како се развива мојата кариера, особено што успеав да победам еден таков играч. Победата многу ми значи, стекнав самодоверба и верувам во себе, истакна 23-годишниот британски тенисер.

На следната АТП-листа Едмунд ќе се искачи на 19. позиција, додека Ѓоковиќ со овој пораз ќе падне од 12. на 18. место.