Поврзи се со нас

Фудбал

Една од најголемите грешки во историјата на Барселона, наместо Мбапе го одбрала Дембеле

Барселона веројатно долго време ќе жали за пропуштената можност да го купи Килијан Мбапе, бидејќи наместо него, се одлучиле да го ангажираат Осман Дембеле, кој поради повредите не стана тоа што се очекуваше.

Хавиер Бордас е поранешен член на бордот на директори на Каталонците, кој во интервју за шпанските медиуми изјави дека една од најголемите грешки на Барса е тоа што пропуштиле да го ангажираат Мбапе. Тоа се случувало кога Нејмар за 222 милиони евра замина во ПСЖ.

За 100 милиони евра Барселона тогаш го купи Осман Дембеле од Борусија Дортмунд, иако за тие пари можеле да го купат Мбапе од Монако.

Претседателот на Монако претпочиташе да потпише за Барселона отколку да го засили ПСЖ, директен ривал. Тоа можеше да се направи за 100 милиони евра. Роберт Фернандез го претпочиташе Дембеле и Пеп Сегура го поддржуваше. Објаснувањето беше дека Мбапе игра за себе, а Дембеле повеќе за тимот. Со оглед на тоа што Нејмар како крило си замине, Роберт повеќе сакаше крило него голгетер, вели Бордас за „Мундо Депортиво“.

Тој открива дека претходно се слушнал и со таткото на Мбапе, кој рекол дека сака во Барселона, бидејќи заминал Нејмар и може повеќе да дојде до израз, отколку во Реал Мадрид, каде што веќе беа Кристијано Роналдо, Карим Бензема и Герет Бејл. Сепак, дел од бордот на директори биле за Дембеле, па така Мбапе наместо во Барселона, заминал во ПСЖ.

loading...

Facebook