Фудбал
Eднаш се покаја, а сега не го интересираат ниту огромните понуди: Бонучи ладно го одби Сити
Манчестер Сити повторно се обиде да го ангажира италијанскиот дефанзивец Леонардо Бонучи.
Според Џанлука Ди Марцио, граѓаните во претходните денови контактирале со 33-годишниот стопер и се обиделе да го доведат во своите редови.
Сепак, разговорот со искусниот дефанзивец не траеше долго. Бонучи веднаш го одби Сити, не ги ни слушаше условите што му беа понудени и не сака да го напушти Јувентус.
Очигледно, Бонучи бил „изгорен“ кога решил да замине во Милано во 2017 година. Тој жали за таа одлука и една година подоцна повторно беше член на Старата дама.
Нема сомнение дека тој сака да остане до самиот крај, па ниту една понуда од Сити не доаѓа во предвид.
Бонучи е член на Јувентус од 2010 година и има одиграно повеќе од 400 натпревари за „Бјанконерите“.