Connect with us

Фудбал

Ефектот на Антонио Конте: Играчите на Интер стануваат „златни кокошки“

Интер е лидер во Серие А. Антонио Конте навистина успеа да направи тим, кој се смета за единствениот конкурент на Јувентус во трката за титулата иако во ЛШ испаднаа уште во групаната фаза.

Освен тоа што бележат добри резултати, фудбалерите на Интер стануваат „златни кокошки“. Поточно речено нивната вредност на трансфер пазарот доживеа огромен скок.

Најмногу кај Лутаро, кој е купен за 25 милиони, а сега е проценет на 80 милиони евра. Тука е Де Вриј кој сега вреди 60 милиони евра, а е ангажиран без обештетување пред една сезона. Па, Марсело Брозовиќ кој вреди исто толку. Скок има и кај Барела кој е проценет на 45 и кај Шкриниар чија сегашна вредност е 60 милиони евра