Connect with us

Фудбал

Египет по речиси три децении обезбеди учество на СП

По пауза од 28 години египетската фудбалска репрезентација избори учество на Светско првенство.

Египет синоќа го победи Конго со 2:1 и по Нигерија е втората африканска репрезентација која обезбеди учество на Мундијалот во Русија 2018 година.

Јунак во победата на „фараоните“ беше Мохамед Салах кој ги постигната двата гола.

Египет последен пат учесник на фудбалски Мундијал беше 1990 година во Италија, а во меѓувреме четири пати стана првак на Африка, 1998, 2006, 2008 и 2010 година.