Connect with us

SPORTM.mk

ЕХФ ги објави термините за завршниот турнир во Келн

Крајот на 2020 година ќе го донесе и фајнл-форот во Келн каде што четири екипи ќе се борат за титулата во Лигата на шампионите за сезоната 2019/2020.

ЕХФ сега ги одреди и термините за полуфиналните дуели. Програмата ќе започне на 28. декември со дуелот помеѓу Барселона и ПСЖ. Вечерниот термин тој ден им припаѓа на Кил и Веспрем кои ќе го дадат вториот патник во големото финале кое ќе се игра еден ден подоцна.

Како што е познато на трибините во „Ланксес Арена“ нема да има навивачи.

Фановите нема да бидат на трибините во „Ланксес Арена“, но сите љубители на ракометот ќе имаат шанса виртуелно да присуствуваат на мечевите.

Титулата сè уште ја брани Вардар, кој славеше на последниот завршен турнир во Келн.