Connect with us

Фудбал

Екс директорот на Јуве за нервозата на Конте: Да бев јас, уште утре ќе почнев да „ловам“

Лучијано Моџи, поранешен спортски директор на Јувентус, кој на оваа позиција беше кога се појави скандалот со наместени натпревари „Калчополи“ и кој беше на обвинителна клупа, ја коментираше ситуацијата во Интер.

Запрашан што мисли за нервозата на Антонио Конте и неговиот испад на прес конференцијата по шокантниот пораз од Борусија Дортмунд, тој изјави:

-Со мене, ова не би се случило. Да бев сега во тоа друштво, уште утре би почнал да „ловам“ засилувања. Тој беше играч во мое време и е пристоен човек со големи вредности. Но, вие работите за да му ја изградите патеката и одредени работи не смеат да бида присутни, вели Моџи.