Поврзи се со нас

Фудбал

Екс фудбалер на Јувентус жестоко „удри“ по Роналдо: Не ги почитува соиграчите и Италијанците

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Кристијано Роналдо во Јувентус пристигна пред нешто повеќе од две години, но се уште не го научил италијанскиот јазик. Токму поради тоа, жестоко е критикуван од некогашниот фудбалер на „Старата дама“ Пасквале Бруно.

-Роналдо е незнајко. Две години во Италија и се уште не го научил нашиот јазик, зборува шпански. Не ги почитува своите соиграчи, но и Италијанците, изјави Бруно.

Освен за Јувентус, Бруно играше за Торино, Фиорентина, Комо и Лече.

 

loading...

Facebook