Фудбал
Екс напаѓачот на македонската репрезентација до селекторот: Немаш му*а да ја кажеш вистината
Повторно „отровни“ стрели помеѓу екс репрезентативниот напаѓач Адис Јаховиќ и селекторот Игор Ангеловски. Имено, селекторот гостуваше на една ТВ Алфа во која на прашањето зошто овој напаѓач не добива покани за настап иако има добри настапи, одговори дека самиот се повлекол и рекол нема да игра за репрезентацијата и ќе се посвети на клупската кариера.
Сепак, денеска самиот Јаховиќ се огласи на социјалните мрежи со спротивставено тврдење. Иако и по ова вистинската причина не се знае, сепак напаѓачот му порача на селекторот Ангеловски дека нема „муда“ да ја каже вистината, бидејќи според него ќе останел без работа поради „своите“ играчи.
-Не знам дали да се смеам или да плачам. Затоа што некој нема „му..“ да ја каже вистината зошто се плаши дека ќе ја загуби работата или образот лицето како сакате. Зошто не кажеш селекторе, зошто не ме повика по промашениот пенал со Израел, па потоа по една година повторно ме повика? Зошто после повик не ме стави во игра, ако сум ти рекол дека нејкам да играм за репрезентација? Ааа заборавив дека ти имаш свои играчи или така ти било наредено во тоа време. Зошто не ми даде премија од 750 евра за мечевите со Италија и Лихтенштајн каде отидоа тие пари во чиј џеб? Зошто никогаш не ми се јави додека бев дел од репрезентацијата, а кај некои играчи одеше на гости, им се јавуваше секој ден? Затоа немој да изјавуваш нешто само за да ја оправдаш твојата одлука. Погледни ја мојата статистика во последните четири пет години и се ќе ти биде јасно, напиша Јаховиќ на социјалните мрежи.

Тој воедно додава дека не се откажал целосно од репрезентацијата, туку напротив, како што тврди, порачал дека секогаш ќе биде тука за националниот дрес, но доколку навистина има потреба од него, а не само за да се замолчат реакциите во јавноста.
-Јас како селектор му ја симнав суспензијата, откако учествуваше во тепачка со Даниел Георгиевски. Му дадов можност за поправен, имавме меч во Торино против Италија, не влезе во игра, а потоа имавме и натпревар со Лихтенштајн во Струмица. Пред тој натпревар ми кажа дека сака да ја напушти репрезентацијата, односно мислеше да се посвети на клупскиот фудбал и дека еве сака да им даде можност на помладите колеги. Мојот одговор беше дека е рано за такво нешто и дека е потребен на репрезентацијата, но доколку е тоа негова одлука, мислам дека е погрешна и дека јас ја почитувам. Дојде на мечот со Лихтенштајн, беше 75. минута откако беа направени замените, самоволно ја напушти клупата, го напушти стадионот и со својот родител си замина за Скопје, и притоа објавувајќи дека нема да игра за репрезентацијата, изјави Ангеловски меѓудругото во емисијата.
Емисијата од гостувањето на селекторот Ангеловски на ТВ Алфа.