Connect with us

Фудбал

Екс ѕвездата на Реал Мадрид и натаму без клуб, ги мина лекарските прегледи во Унион Берлин, па трансферот пропадна!

„Ние имаме свои граници! – на овој начин Унион Берлин потврди дека трансферот на Иско пропаднал откако поранешната ѕвезда на Реал Мадрид ги заврши медицинските прегледи

30-годишниот фудбалер успешно ги заврши медицинските тестови во германскиот тим и се чинеше дека договорот на последниот ден од преодниот рок ќе биде потпишан. Сепак, клубот  откри дека барањата на Иско се разликуваат од претходните преговори, надминувајќи ги „лимитите“ што ги одвоија за трансферот.

Веста прва ја откри консултантската агенција на Иско, Гестифуте, која за германскиот весник БИЛД изјави:

-За време на разговорите, моравме да сфатиме дека нашиот партнер во преговорите повеќе не сакаше да се движи во рамките за кои првично се дискутираше“.

Оваа информација беше потврдена од Унион, а менаџерот Оливер Рунерт изјави Билд: Би сакале да го видиме Иско кај нас, но ние имаме свои граници. Тие денеска беа надминати, спротивно на претходните договори, поради што трансферот нема да се реализира.

ПОГОЛЕМАТА СЛИКА: Колапсот значи дека Иско сè уште е без клуб откако ја раскина соработката со Севиља, четири месеци по доаѓањето од Реал Мадрид.

Шпанецот претходно беше поврзуван со преселба во италијанскиот гигант Јувентус – но потврдено е дека и од тоа нема да има ништо.