Фудбал
„Ел Фелаини“ добива нов заслужен договор
Белгиецот на Жозе Мурињо, Маруан Фелаини, ќе добие нов поповолен договор, објавија англиските медиуми.
Актуелниот договор на 29-годишниот белгиски репрезентативец што го има со клубот од „Олд Трафорд“ истекува на крајот од сезоната.
Пред неколку недели Мурињо рече дека Фелаини е многу важен за Јунајтед и без него во тимот Португалецот се чувствува понесигурно.
За да покажат и колку многу го ценат, раководството му понуди на Фелаини зголемување на неделната плата од 80 на 130 илјади фунти.