Други спортови
„Ел Класико“ во Шангај, Федерер против Надал во финалето.
„Ел Класико“ во Шангај, Федерер против Надал во финалето.
Ова е епилогот по денеска одиграните полуфинални мечеви во кои, Надал го совлада Чилиќ, а Федерер беше подобар од Дел Потро.
Во првиот полуфинален меч Надал ја оправда фаворитската улогата и во два сета го победи Хрватот, Марин Чилиќ со 7-5 и 7-6.
Неговиот противник во финалето, Федерер во три сета беше подобар во полуфиналниот меч против Хуал Мартин Дел Потро, Иако Аргентинецот го доби првиот сет со 6-3, сепак во следните два Швајцарецот беше оној кој доминираше, па возврати со иста мерка, односно ги доби сетовите со идентични 6-3.
Финалниот натпревар меѓу двајцата најдобро рангирани тенисери во моментов, Надал и Федерер ќе се игра утре.