Connect with us

SPORTM.mk

„Ел Класико“ закажан во градот на гревот, коцката и спортот!

По натпреварите во Лигата на нации, сите фудбалери ќе имаат заслужен одмор.

Така ќе биде и со фудбалерите на Барселона и Реал Мадрид, кои на подготовките ќе го одиграат првото Ел Класико оваа сезона во САД, а натпреварот е закажан за 23 јули во Лас Вегас.

Во последниот натпревар меѓу двата најголеми шпански клуба, Барселона го победи Реал Мадрид со неверојатни 4:0 на „Сантијаго Бернабеу“, па ова ќе биде одлична можност за одмазди на шампионите на Шпанија и Европа.

Што се однесува до Реал Мадрид, кој го објави планот на подготовките, три дена по овој натпревар ќе го има дуелот против Клуб Америка од Мексико, а на 30 јули ќе игра со Јувентус.

Што се однесува до Барселона, таа ќе ги започне подготовките на 4 јули.