Connect with us

Фудбал

Ел Класико – започна борбата за Деле Али

Реал Мадрид рано во сезоната доби сериозна конкуренција од вечниот ривал Барселона, кога е во прашање потписот на стандардниот првотимец во дресот на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Деле Али.

Шпанските медиуми се убедени дека најголемите ривали од Примера се подготвени да одвојат околу 100 мил. евра за обештетувањето на одличниот играч за врска.

Освен тие на Али, раководните лица на “кралскиот клуб” сакаат да ги осигураат и услугите на неговиот тимски колега, Хари Кејн, кој е проценет на 200 мил. евра.