Поврзи се со нас

Фудбал

Елиф Елмас конечно стартер: Гатузо ми вели дека сум животно и голем борец

Наполи вечерва во рамките од 3.коло од Лига Европа и гостува на хрватска Ријека. Според најавата на „Газета дело Спорт“, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе биде стартер на мечот. Против Сасуоло, минатиот викенд одигра дваесетина минути, а мечот Наполи го загуби со 2:0.

Сега, Гатузо ќе го стави од првата минута. Елмас имаше коронавирус и петнаесетина дена беше во изолација и не тренираше.

„Ништо посебно Гатузо не ни кажа на пред овој меч. Секогаш ми говори дека сум животно, во смисла дека сум голем борец на теренот. Јас не бегам од тоа. Тој е тип со силен карактер, одлична личност. Ми се допаѓа како работиме со него, вели Елмас на заедничката прес конференција со Гатузо во пресрет на овој дуел.

Натпреварот Ријека-Наполи се игра со почеток во 18:55 часот, а според информациите од Хрватска, македонскиот интернационалец Милан Ристовски има повреда на стапалото, па неговиот настап е неизвесен.

loading...

Facebook