Connect with us

Фудбал

Елмас и Наполи со вискоа победа на гостувањето кај Удинезе

По четири кола, Елмас и Наполи се осамен на врвот во Серија А со четири победи во исто толку натпревари. Нашиот репрезентативец го одигра целиот натпревар.

Налопи одлично се снаоѓаат на почетокот на сезоната, ја демонстрираа својата сила на гостувањето кај Удинезе во високата победа од 0:4.

Во првото полувреме, Осимхен ја затресе мрежата со лобовирање на Силвестри откако Инсиње заврши поголем дел од работата. До крајот на првото полувреме погоди и Рахмани.

На почетокот на второто полувреме, Кулибали погоди за 0:3 и го реши прашањето на победникот. Конечниот резултат во 84. минута го постави Лозано.

Наполи е единствениот тим што ги забележа сите победи на почетокот на сезоната. Имаат 12 бода и се први на табелата пред миланските клубови Милан и Интер со по 10 бода.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама