Connect with us

Фудбал

Елустондо: Мора да одиме со менталитет за победа и на оваа средба

На денешната прес конференција Ариц Елустондо изјави:

„Ја заборавивме претходната победа, свесни сме дека може резултатот да не се повтори и да имаме изненадување. Кога го гледате резултатот на претходниот меч изгледа како да сме победиле лесно, но кога играте на терен поразлично е. Ние во нашите глави ја имаме пораката на тренерот која вели дека мора да одиме со менталитет за победа и на оваа средба и дека мора да внимаваме, без разлика на се“, – изјави Ариц.

Натпреварот од 4. коло помеѓу Реал Сосиедад и Вардар се одигрува утре од 21:05.