Connect with us

Фудбал

Емери: „Играчите се агресивни со Нејмар, судиите треба повеќе да го заштитуваат“

Тренерот на ПСЖ, Унаи Емери, ги повикува судиите во Лига 1, да направат се што можат што повеќе да се заштитува Нејмар.

Летното засилување од Барселона за светски рекорд од 198 милиони фунти (222 милиони евра) доби црвен картон на натпреварот со Марсеј во неделата, кога бурно реагираше на фаул од Лукас Окампос со што го турна Аргентинецот пред судијата.

“Тој мора да се прилагоди на лигата, на тимот, на судиите”, изјави Емери за новинарите. “Тој е интелигентен и свесен е дека ќе научи нешто од натпреварот во неделата.

“Другите играчи се агресивни со него, но важно е судиите да се справат со тоа. Зборував со него за тоа, не реагирав на провокации, но играчите се луѓе.”