Connect with us

Фудбал

Емотивниот Михајловиќ: Без вас ќе беше многу потешко

Синиша Михајловиќ вечерва допатува во Белград на прославата на 100 години постоење на Фудбалскиот сојуз на Србија, а воедно беа доделени и награди за најдобрите во 2019 година.

Михајловиќ, кој неколку месеци се лекува од леукемија е прогласен за најдобар српски тренер.

Влагодарам на сите кои ми пружија љубов во моментите кога 4-5 месеци бев во болница, почнувајќи од спортските работници, соиграчите, пријателите, и сите, да не ги набројувам. Ми дадоа голема сила. Без вас би било многу потешко да го поминам она што го поминав, изјави Михајловиќ.

Воедно порача дека наградата ја посветува на сите оние кои биле дел од неговата кариера.