Connect with us

Фудбал

ЕМОТИВНО ВИДЕО: Првиот селектор на Македонија до селекторот кој ја однесе репрезентацијата на ЕП: Ти не надмина сите!

Директно од Австралија, на 85-годишна возраст првиот селектор на македонската фудбалска репрезентација Андон Дончевски преку СБС Радио му го честиташе успехот на Игор Ангеловски, кој стана првиот селектор кој ја однел Македонија на ЕП.

Чичко Дончо беше првиот селектор на Македонија и токму тој ја предводеше селекцијата на Македонија на првиот историски одигран меч во Крањ, кој беше пријателски и кој Македонија го доби со 4:1 против Словенија.