Фудбал
Енрике: Модриќ не е најдобриот на светот
Селекторот на фудбалската репрезентација на Шпанија Луис Енрике најави го најави утрешниот натпревар против Хрватска во Лигата на нациите, а посебно се осврна на Лука Модриќ.
Модриќ е кандидат за најдобар фудбалер на светот, но Енрике смета дека Хрватот не ја заслушува таа награда затоа што не е најдобар.
„Ако зборувам за Хрватска, тогаш ќе зборувам за Модриќ и Ракитиќ, но ако ме прашате кој е најдобар на светот – тоа е Меси, а не Модриќ“, рече Луис Енрике, кој долго време беше тренер на Арггентинецот, па затоа и ваквиот коментар не треба да не чуди.
За Хрватска, Енрике има позитивно мислење.
„Очекував да бидат добри на Светското првенство. Нивните играчи се навистина квалитетни, се бранат и напаѓаат како тим и играчите навистина се жртвуваат на терен. Меѓутоа, наше е да одиме на победа иако знаеме дека не чека навистина тежок натпревар“.