Connect with us

Фудбал

Енрике: Не сакам луѓе како Морено во мојот тим, еве зошто…

Кам-бекот на Луис Енрике по пет месеци на местото селектор на Шпанија крена голема прашина. Поранешниот тренер на Барселона привремено се повлече поради болеста на неговата ќерка, која за жал почина. Неговото место го презема помошникот Роберт Морено, а Фудбалскиот сојуз му порача на Енрике дека може да се врати кога и да посака.

Тоа и се случи, откако Морено со Шпанија обезбеди пласман на ЕП. Но, тој нема да му биде помошник на континенталниот собир, бидејќи не сака такви луѓе во неговиот стручен штаб, а еве и  зошто?

-Имав состанок со Морено на 12.септември во својата куќа. Седевме 20-30 минути и јасно ми стави до знаење дека сака да ја води репрезентацијата на ЕП, а јас да се вратам после тоа. Не бев изненаден, претпоставив дека ќе се случи такво нешто и јасно ми е зошто. Да се биде селектор на својата земја е шанса која се нуди еднаш во животот, изјави Енрике кој притоа додаде:

-За мене тоа беше нелојален потез и никогаш не би направил такво нешто. Не сакам такви луѓе во мојот стручен штаб. Претераната амбиција не добра, тоа е маана. Разбирам за неговата состојба, ни никогаш не би постапил така, изјави Енрике кој ќе ја предводи селекцијата на Шпанија на следното ЕП.