Фудбал
Ериксен може да се врати во Тотенхем веќе во јануари
Лондон, 10 ноември 2020 (МИА) – Играчот за врска на Интер, Кристијан Ериксен, може да ја продолжи кариерата во друг клуб, пишува „Дејли експрес“.
Според британскиот весник, 28-годишниот Данец може да се врати во Тотенхем, од каде се пресели во миланскиот клуб. Лондонци можат да го вратат играчот за врска во јануари.
Ериксен игра за Интер од зимата 2020 година. Во тековната сезона, тој одигра седум натпревари на сите турнири на кои не постигна гол. зс/