Connect with us

Фудбал

Ериксен одби плата од 9 милиони евра од Тотенхем, Интер, ПСЖ и Реал се радуваат

Кристијан Ериксен одби да потпише нов договор со Тотенхем. Англискиот клуб му понуди на 27-годишниот Данец да склучи договор до 2024 година. Платата на Ериксен би се искачила на девет  милиони евра по сезона.

Сега е веројатно дека Ериксен ќе замине во текот на летото како слободен агент. Интерес за играчот пројавија Интер, ПСЖ и Реал Мадрид.

Оваа сезона Ериксен настапи на 15 натпревари за Тотенхем, постигна два гола и забележа една асистенција.

Според проценките, неговата цена во моментов е околу 100 милиони евра. Но, со оглед на тоа дека во јуни му истекува договорот, веројатно заинтересираните екипи ќе се обидат во јануари да го обезбедат неговиот потпис, а за официјализирање на соработката ќе почекаат до летниот преоден рок кога ќе можат да го ангажираат за НУЛА евра.