Фудбал
Ерлинг Халанд откри со што се храни, а тоа шокираше многумина-Навистина ти го јадеш тоа?! (ВИДЕО)
Ерлинг Браут Халанд е еден од најдобрите фудбалери во светот. Експертите се прашуваат што влијае на одличната форма на играчот, а еден од клучните фактори можеби е неговата исхрана. Исхраната на норвешкиот напаѓач значително се разликува од диетата што ја користат другите фудбалери.
Се испостави дека напаѓачот јаде многу големо количество месо, поточно внатрешности од животните, што го изненади новинарот на Viaplay, Јан Ејџ Фјортофт. „Дали е тоа срце? И ти го јадеш тоа?“, праша збунетиот новинар.
„Секако дека е“, му одговори Норвежанецот и продолжи:
“Јас се грижам за своето тело, затоа јадам најквалитетни производи. Многумина се скептични за консумирањето на овој вид месо, тврдејќи дека не е здраво. Месото го добивам од добавувачи чии животни пасат на отворено и нема фармаколошки интервенции во нивните тела“. – нагласи Халанд.
„Екстремна диета. Одвратно“, кратко коментира порталот „nettavisen.no“. И другите спортисти беа изненадени од неговата исхрана.
Меѓу нив беше и скијачот Емил Иверсен. Сонародникот на Халанд призна дека му се восхитува на фудбалерот поради неговата строга диета, но претпочита повеќе „нормална“ храна. Покрај тоа, тој не може да си дозволи друга храна.
“Јадам салама и шунка. Не можам да си дозволам срца и поквалитетни производи. Но тој заработува многу повеќе и разбирам зошто јаде такви производи. Јас купувам храна во продавница. Халанд, пак, нарачува месо кое доаѓа кај него со приватен авион.Тоа е разликата“, се пошегувал Норвежанецот.
Нутриционистите ја разгледаа и исхраната на напаѓачот на Манчестер Сити. Тие признале дека утробата е полна со витамини и минерали, но тоа не влијае на нивната форма. Не постои јасен доказ дека јадењето срце и црн дроб влијае на перформансите.
Некои спортисти се чувствуваат подобро ако ги вклучат овие состојки во нивната исхрана, додека други претпочитаат повеќе класични оброци, истакна нутриционистот Хауард Рајс.
Норвешкиот напаѓач летово се пресели во Манчестер Сити од Борусија Дортмунд и едноставно воодушеви.Вкупно на 10 натпревари постигна 14 гола, од кои 11 во Премиер лигата на само седум први настапи.