Connect with us

Фудбал

„ESPN“: Готово е – Анчелоти го напушта Реал и ја презема репрезентацијата

Карло Анчелоти ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната и ќе ја преземе репрезентацијата на Бразил, соопштува бразилски „ESPN“. Според нивните информации, 63-годишниот стручњак ќе ја заврши клупската сезона и потоа ќе ја потврди работата со раководството на бразилската репрезентација. Инаку, договорот на Анчелоти со мадридскиот клуб е со важност до летото 2024 година.

Од „ESPN“ истакнуваат дека Анчелоти се уште нема потпишано ништо. Тој рече „да“ на Бразилската фудбалска конфедерација, но ќе разговара за тригодишен договор, кој треба да започне во јули 2023 година и да трае до август 2026 година, во наредните недели и месеци. На бразилската репрезентација веќе им е откриено дека доаѓа Анчелоти.

Во текот на својата успешна тренерска кариера, Анчелоти работеше во Реџана, Парма, Јувентус, Милан, Челзи, ПСЖ, Баерн Минхен, Наполи и Евертон, додека во деведесеттите беше асистент во италијанската репрезентација. Доколку договорот биде реализиран, Анчелоти ќе го води Бразил на Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.