Connect with us

Фудбал

Еуфорија кај навивачите на Евертон: Анчелоти во јануари носи фудбалер на Реал Мадрид

По се изгледа дека Евертон со ангажирањето на Карло Анчелоти за тренер има големи планови. Според последните пишувања, освен тоа што ќе се обиде да ги ангажира ѕвездите на Наполи, Дрес Мертенс и Лоренцо Инсиње, сега стигна информација, дека Анчелоти во јануари ќе се обиде да го ангажира Хамес Родригез од Реал Мадрид.

Тој две години помина на позајмица во Баерн Минхен, се врати на почетокот на оваа сезона, но освен повредите, поради слабата форма, не е во преден план кај Зинедин Зидан

Се очекува повторно Родригез да биде испратен на позајмица овој пат во Евертон.