Ракомет
Еурофарм Пелистер го совлада Вардар, но „црвенo-црните“ среде Битола го славеа поразот

Еурофарм Пелистер славеше со 29:25 против Вардар во Битола во вистински драматичен меч пред преполна сала „Боро Чурлевски“. Сепак и покрај поразот Вардар се радуваше, бидеќи ја одбрани предноста од пет голови од првиот меч. Без разлика што двете екипи имаат по еден пораз, Вардар ја задржува лидерската позиција поради подобриот меѓусебен скор, и доколку ја задржи лидерската позиција во плеј офот ќе пренесе три бодови. Пелистер секако има за што да жали, бидејќи на полувремето имаа водство од 18:11, а секако Вардар настапи ослабен, играа без Петриќ и Алонсо, не допатуваа во Битола, а го немаше ниту Јапонецот, Јасихура кој има репрезентативни обврски.