Connect with us

Ракомет

Еурофарм Пелистер ремизираше со Агуаш Санташ во Битола

Македонскиот ракометен вицепрвак Еурофарм Пелистер го пречека португалски Агуаш Санташ во Битола и повторно не успеа да победи.

Во четвртиот европски меч пред својата публика „зелените“ одиграа реми (27-27) и така ја задржа својата позиција на табелата (4) и не ја искомпликува ситуацијата во групата од Европската лига.

Јунак на натпреварот беше Марко Кизиќ, кој го одбрани последниот напад на гостинот и спречи пораз на Еурофарм Пелистер пред својата публика.