Ракомет
Еурофарм работник остана без тренер?
Екипата на Еурофарм Работник од Битола го доживеа првиот пораз сезонава откако загуби на гостувањето во Скопје кај Пролет, 24-26. Битолчани останаа без бодови, но и без тренер. Андон Бошковски по натпреварот во соблекувалната им се заблагодарил на играчите и им соопштил дека заминува.
Иако информацијата сѐ уште не е официјализирана од управата на битолскиот клуб, од наши извори ни беше потврдено дека сепак имало разговор меѓу тренерот и играчите, а таму присуствувале и челнови на управата.
Андон Бошковски со тимот на Е.работник лани стигна до финалето на Купот на Македонија, и обeзбеди пласман во Купот Челинџ. Во новата сезона тимот под негово водство одигра четири натпревари во Супер лигата и имаше две победи, едно реми и еден пораз.
Следниот месец екипата треба да игра и во Купот Челинџ и тоа против тимот на Гранитас од Каунас. Првио тмеч е закажан за во Битола, на 18 или 19 ноември.
Извор: 24 ракомет