Connect with us

Фудбал

Еве што мисли Џенаро Гатузо за нашиот Елиф Елмас

Со доаѓањето на Џенаро Гатузо за тренер на Наполи, Елиф Елмас добива се помала минутажа. Не е исто како и кај Карло Анчелоти, на чие инстистирање беше ангажиран од Фенербахче. Гатузо има објаснување:

-Размислував и на тоа да го користам како дефанзивен играч за врска,  но тој сака да „гризе“ во нападот. Тој може да стане многу силен играч, но нема искуство да игра толку назад во средниот ред. Тој е повеќе крилен фудбалер и не може константно да држи една позиција. Мора да се подобри во еден сегмент, треба да го подобри дриблингот и напорно работиме на тоа, изајви Гатузо.