Connect with us

Фудбал

Евертон донесе големо засилување од Наполи

Карло Анчелоти уште еднаш покажа дека има сериозни планови кога е во прашање Евертон.

Италијанскиот стручњак сака да создаде тим кој може да се бори за трофеи, а челниците на клубот му дадоа време и пари за да го постигне тоа. Евертон и ова лето сигурно ќе потроши многу пари на засилувања, а Анчелоти веќе презма некои чекори.

Имено, англискиот клуб утрово потврди дека пристигнало ново засилување на Гудисон, а тоа е бразилскиот играч за врска Алан кој доаѓа од Наполи.

Алан потпиша тригодишен договор со Евертон, а Наполи од неговата продажба заработи околу 25 милиони евра.

loading...

Но, англискиот клуб нема да запре тука бидејќи тие скоро се договорија за доаѓањето на Хамес Родригез и Дукоре, кои треба да потпишат за Евертон во наредните денови.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com