Фудбал
Фантастична порака од Миралем Пјаниќ по освојувањето на Скудетото
Миралем Пјаниќ освои уште една титула со Јувентус.
Поточно, играчот од средниот ред ја освои својата четврта титула со „Бјанконерите“, а Јувентус успеа да го крене Скудетото девет години по ред.
По натпреварот, зборуваше Миралем Пјаниќ. Тој објави фантастична порака на Инстаграм.
„Има такви што ја пишуваат историјата и оние што ја читаат“.
Миралем Пјаниќ заминува во Барселона, но ќе се обиде да ја освои уште и титулата во Лигата на шампионите со Старата дама.