Connect with us

Фудбал

Фацио ја тресеше и сопствената и противничката мрежа, Рома како Лацио, загуби во 95.минута

Рома загуби на гостувањето кај Менхенгладбах со 2:1. Фацио во 35 минута постигна автогол за предност на германскиот тим, а истиот играч постигна гол за 1:1, но овој пат во вистинската мрежа. Сепак, во 95.минута Турам постигна гол за 2:1 и победа на Менхенгладбах.

Лидер по четири одиграни кола во Групата Ј е турскиот тим Басакшехир со 7 бодови, следуваат Борусија Менхенгладбах и Рома со по 5, а Волсфсбергер има 4. Во оваа група веројатно до последното коло ништо нема да се знае, односно кој ќе ги продолжи натпреварите, а кој ќе биде елеминиран.