Connect with us

Фудбал

Федерацијата во Пакистан работи спротивно од правилата на ФИФА, забрана за националниот тим и клубовите од маѓународни натпревари

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) привремено го суспендираше членството на Пакистанската фудбалска федерација и му забрани на националниот тим и клубовите од земјата да играат меѓународни натпревари.

Причината за санкцијата е вмешаност на трети лица во федералните работи.

Во соопштението на ФИФА се наведува дека канцелариите и сметките на федерацијата се под контрола на администратор назначен од судот, што е спротивно на правилата на ФИФА.