Connect with us

Други спортови

Федерер го престигнува Ѓоковиќ

До крајот на годината на листата од играчи со најголема заработка од турнири најверојатно ќе биде престигнат од страна на големиот ривал Роџер Федерер.

Ѓоковиќ во јуни 2016 година стана првиот тенисер во историјата кој од турнири заработил 100 милиони долари, тој и понатаму е лидер, но Швајцарецот наскоро ќе му го одзеде тронот.

Според податоците на Форбс, Србинот официјално од наградни фонддви заработил 108.805.403 милиони, додека Швајцарецот 109.387.410.

За да ја преземе првата позиција потребно му е да го освои турнирот во својот роден Базел, по осми пат во кариерата, бидејќи со тоа ќе инкасира 464.589 долари.

Доколку не успее, ќе има уште две шанси, Мастерсот во Пари и завршниот во Лондон, каде непоразениот победник може да освои дури 2 милиони долари.

Топ 10 тенисери по заработка од турнири:

1. Новак Ѓоковиќ

2. Роџер Федерер

3. Рафаел Надал

4. Енди Мареј

5. Пит Сампрас

6. Андре Агаси

7. Давид Ферер

8. Стен Вавринка

9. Томаш Бердих