Connect with us

Други спортови

Федерер на добар пат и 6ти пат да го освои Австралија Опен

Роџер Федерер и против Бердих покажа доминатна игра и е на добар пат за нова титула на Австралија Опен, следен противник е, Хјеон Чунг, тенисерот кој го испадна Новак Џоковиќ.

Роџер Федерер споро го започна мечот, тоа резултираше со предност на Томаш Бердих од 0-3, но рекетот број 2 покажа класа најмногу кога требаше. Најпрво спаси сет топка на противникот на 3-5, а потоа „преживеа“ и кога беше 5-6, за да го освои првиот сет со фантастични 7-1 во тај-брејкот.

Популарниот „ФедЕкс“ продолжи во ист стил па вториот и третиот сет лесно ги доби со 6:3 односно 6:4.

За Роџер Федерер ова е 14. полуфинале на Австралија Опен.