Connect with us

Други спортови

Федерер одржа отворен тренинг во Перт

Рекордни 6.000 гледачи во Перт, Австралија, го следа отворениот тренинг што го одржа швајцарскиот тенисер Роџер Федерер во пресрет на Хопман купот.

Турнирот почнува на 30 декември (сабота) традиционално со учество на осум репрезентации составени од мешани двојки – по еден тенисер и тенисерка.

Бранител на трофејот е Франција.

Двојки за првото коло:
Русија – Сад
Јапонија – Швајцарија
Австралија – Канада
Белгија – Германија.